Макрон и Путин утре ќе разговараат за Сирија Иран и Украина

Се очекува двајцата претседатели да се состанат во Кремљ пред утрешниот финален натпревар од Светското фудбалско првенство.

101

Францускиот претседател Емануел Макрон утре ќе разговара со неговиот руски колега Владимир Путин за Сирија, Иран и Украина, на средбата во Москва, каде што Франција и Хрватска ќе се борат за победа на Светското првенство во фудбал, информираат од кабинетот на Макрон.

Се очекува двајцата претседатели да се состанат во Кремљ пред утрешниот финален натпревар.

Неименуваниот извор од Елисејската палата соопшти дека ситуацијата во Украина не е доволно развиена за да му дозволи на Макрон да го покани Путин на Самитот на Г-7 во Бијариц, на југот на Франција, кој ќе се одржи летото 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...