По дождот топлотен бран во Јапонија

Поради топлотниот удар во болниците се примени 1536 лица. Температурите во текот на денот се над 30 степени Целзиусови, а во исто време се задржува и високата влажност. Во некои области термометрите забележаа 39 степени

90

Најмалку 6 лица починаа, а над 1 500 се хоспитализирани во Јапонија денес поради силните горештини, кои ја зафатија речиси целата територија на земјата по невидените поројни дождови и поплави пред неколку дена.

Поради топлотниот удар во болниците се примени 1536 лица. Температурите во текот на денот се над 30 степени Целзиусови, а во исто време се задржува и високата влажност. Во некои области термометрите забележаа 39 степени.

Минатата година поради жештини во земјата починаа 44 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...