И оваа година по трет пат Младинскиот совет на Крушево ја организира манифестацијата „Крушево будно“.
Два дена 20 и 21 јули со почеток во 21 часот во Градскиот парк присутните ќе ги забавуваат познати музичари и ди џеи.
На 20 јули забавата е резервирана за неколку локални ди-џеи, БокаКонга и неговите латно звуци, The Daf Project кои ќе ја презентира нивната авторска рок музика и за крај Дисконектет.
На 21 јули заедно со два локални ди-џеи е најавен и настапот на моментално еден од најпознатите македонски рап-поп музички ѕвезди Тајзи. Во завршницата на настанот атмосферата се очекува да ја разгори Андреј Ѓошев.
Дневните активности се резервирани за „eduDay”саемот на кој што учество ќе земат неколку факултети кои ќе ги промовираат своите програми и ќе ги доближат нивните содржини до младите. Почеток од 11 часот, исто во Градскиот парк.