За 8 Март „Скопје сити мол“ ве носи на …

По завршување на извлекувањето, добитничките ќе бидат контактирани и известени за термините на реализација на подароците.

282

По повод 8 Март, Денот на жената, „Скопје сити мол“ од 1 до 5 март организира кампања под наслов „За 8 Март, Скопје сити мол ве носи на…” која има за цел да ги исполни желбите на посетителите од понежниот пол на нивниот посебен ден. Со најновата кампања се добива можност празникот да се помине на театарска претстава или на вечера и дружење со еден од четворицата ангажирани јавни личности.

– Ние секогаш сме верувале во силата и важноста на понежниот пол. На нашите редовни посетителки кои постојано ни ја даваат довербата секогаш кога нешто им е потребно во домот, во плакарот, или за најблиските, би сакале да им возвратиме со овозможување на уникатни изненадувања за нивниот празник. Бидејќи заслужуваат повеќе од еден ден во годината посветен на нив, ние март го „боиме” во знакот на жената. Почеток на низата изненадувања за понежниот пол е кампањата „Скопје сити мол ве носи на…” во која четири добитнички ќе имаат можност да се дружат со еден од познатите личности кои ги ангажиравме за оваа цел – Игор Џамбазов, Драган Б. Костиќ, Дарио Панковски и Шеф Марк, а на 90 посетителки ќе им доделиме по 2 билети за театарската претстава „Кец на десетка“ – вели Дарко Панчевски, од маркетинг секторот на „Скопје сити мол“.

Заинтересираните кандидатки со приложена фискална сметка од над 500 денари за промет направен во трговскиот центар, ќе можат да пополнат формулар и истиот да го вметнат во една од обележаните кутии и да аплицираат за „подарокот“ кој го посакуваат. Пултот за пријавување е поставен на влезот од страната на ул. Манапо (Плеј сити кафе).

Подароците се уникатни и несекојдневни, со учество на наши реномирани јавни личности кои го прифатија овој предизвик и интересен концепт. Игор Џамбазов на 6-ти март ќе ја однесе добитничката да присуствува на пробата и да ја следи претставата „Говорна маана” во МНТ. Драган Б. Костиќ ќе се дружи со добитничката на 7-ми март на снимањето на неговата радио емисија „Кавервил” во која и таа ќе гостува и ќе направи избор од нејзини омилени песни. Дарио Панковски ќе ја однесе на дружба во неговиот кафе бар „Миг 21” на 7-ми март, а четвртата добитничка ќе се дружи и ќе вечера заедно со Шеф Марк во Јавна соба (Public Room) на 6-ти март. За останатите учеснички во играта, од кутиите ќе се извлечат плус 90 кандидатки кои ќе добијат по 2 билети за хит претставата „Кец на десетка“ која ќе се одигра во МНТ на 8 Март од 20:00 часот.

Извлекувањето на добитничките ќе се изврши на 5-ти март, во 22:00 часот и истото ќе се емитува во живо на Фејсбук фан страната на Скопје сити мол. По завршување на извлекувањето, добитничките ќе бидат контактирани и известени за термините на реализација на подароците.

Месецот на жената нека биде целосно посветен на вас!

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...