Матис: Русите ја дестабилизираат Југоисточна Европа

Активностите на Русија во Југоисточна Европа се дестабилизирачки фактор. Тие (Русите) ја поткопуваат демократската структура на земјите (од тој регион) преку ширење лажни информации, економски мерки и мешање, рекол Матис.

414

Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис изјави дека активностите на Русија во Југоисточна Европа имаат дестабилизирачки карактер.

– Активностите на Русија во Југоисточна Европа се дестабилизирачки фактор. Тие (Русите) ја поткопуваат демократската структура на земјите (од тој регион) преку ширење лажни информации, економски мерки и мешање – рекол Матис во разговор со новинарите на пат од Хрватска за Норвешка, објави прес-службата на Пентагон.

Во Загреб Матисе се сретна со министрите за одбрана на земјите од Јадранската повелба. Иницијативата беше формирана во 2003 година од страна на Албанија, Македонија и Хрватска за да се олесни влезот на овие земји во НАТО. Во 2008 година им се приклучија и Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...