Британската полиција денеска соопшти дека го открила изворот на нервниот гас „Новичок“, од кој беа затруени двајца жители на градот Солсбери, од кои еден почина.
Полицијата разговарала со 45-годишниот Чарлс Роули, кој го преживеа труењето со отровот, и утврдила дека во неговиот дом има мало шишенце во кое се содржани траги од „Новичок“. Неговата партнерка, Дон Стурџис (44) почина од труењето.
Шишенцето од завчера се испитува во лабораторијата Портон Даун, со цел да се утврди дали е тоа истиот отров со кој во март беа нападнати пребеганиот руски таен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка.