Охридска банка Сосиете Женерал главен спонзор на 58. Охридско лето

215

Традиционално, и оваа година, Охридска банка Сосиете Женерал е поддржувач на една од најзначајните културни манифестации во земјата – Охридско лето, одбележје на градот Охрид.

Веќе низа години, Охридска банка Сосиете Женерал е една од најголемите поддржувачи на Охридско лето, како манифестација која нуди врвна и уникатна уметничка програма и ги издигнува културните вредности на едно повисоко ниво и нуди програма која изобилнува со врвна уметност.

Охридско лето, за Банката е многу повеќе од традиција. Следејќи ја глобалната стратегија на Сосиете Женерал, оваа година Банката, освен како поддржувач на 58. издание на фестивалот Охридско лето, се јави и како поддржувач на неколку други
значајни музички и културни настани во земјата, како Битола отворен град 2018, спектакуларната претстава „ТИШИНА! НА ТУРНЕЈА СМЕ!!!“, на славната француска хип-хоп група Покемон Кру во кореографија на Ријад Фгани од Франција како дел од познатиот „Танц Фестивал“, како и формирањето на својата платформа за општествена одговорност наречена, ОБСГ Клуб на таленти, која ќе има за цел да пронаоѓа млади, амбициозни и талентирани лица во различни области и истите финансиски да ги поддржува, а наскоро ќе стартува во областа на музиката.

Како општествено одговорна компанија, Охридска банка Сосиете Женерал активно учествува во промоцијата на вистинските вредности преку зачувување на традицијата, преку афирмација на културата, уметноста и музиката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...