Германија го депортира поранешниот телохранител на Осама бин Ладен

204

Германија денеска го депортира поранешниот телохранител на убиениот лидер на Ал каеда, Осама бин Ладен, во родниот Тунис. Сами А. е депортиран со чартер-лет во утринските часови, објавија германските медиуми, пренесува Макфакс.

Депортирањето е спроведено и покрај одлуката што административниот суд во Гелзенкирен ја донесе во последен момент дека Сами А. би требало да остане во Германија додека Берлин не добие гаранција дека нема да се соочи со тортура во Тунис.

Случајот на Сами А. (42) на почетокот на оваа година ги полнеше насловните страници на германскиот печат. Медиумите претходно објавија дека Сами од 1997 година живее во Германија и дека важи за опасна личност која е под постојан надзор и секојдневно мора да се јавува во полиција. Тој со сопругата и четирите деца живее во Бохум и прима социјална помош. Владата на Северна Рајна-Вестфалија соопшти неодамна дека Сами прима повеќе од 1.000 евра државна помош, а на тоа треба да се додадат и 150 евра за дете и други форми на помош што ги прима.

Сами во Германија дошол на студии.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...