На 12 јули беше премиерата на последното продолжение од франшизата „Невозможна мисија“, на која во Париз заблескаа ѕвездите од филмот на чело со Том Круз.
Педесет и шестгодишниот Круз повторно се врати како Итан Хант во филмскиот серијал, а во екипата се и Симон Пег, Ребека Фергусон, Хенри Кавил и Алек Болдвин.
Разменувајќи шеги, Круз со колешките Аликс Бенезек, Анџела Басет, Мишел Монаган, Ребека Фергусон и Ванеса Кирби позираа пред Ајфеловата кула, откако прошетаа по црвениот тепих за светската премиера на блокбастерот.