Шпанските здравствени претставници соопштија дека едно лице е избодено во рамо, а три се здобиле со модринки на седмиот ден од трката со бикови во шпанскиот град Памплона.
Портпаролот на регионалната болница Хон Аризета изјави дека четворица мажи биле однесени за да им се укаже помош по трката, која траела две минути и 20 секунди, исто како и претходниот ден.
Повеќето повреди во Памплона се должат на падови или газење додека биковите трчаат на патеката долга 850 метри.
ФОТО: Твитер
4 people were taken to hospital after suffering injuries during the daily Running of the Bulls in Pamplona, Spain. pic.twitter.com/dp9Z0zYiyL
— NBC News (@NBCNews) July 11, 2018