САД вратија 57 деца одземени од илегални имигранти

Судијата Дејна Сабрау нареди 103 од најмалите деца кои биле раздвоени од родителите да им бидат вратени на нивните семејства, иако оваа мерка може да значи ставање на децата во некој вид на притвор.

47

Американските власти информираа дека вратиле 57 имигрантски деца на нивните семејства, откако судија од Сан Диего реши дека одлуката да се раздвојуваат децата и родителите – илегални имигранти е спротивна на законот.

Судијата Дејна Сабрау нареди 103 од најмалите деца кои биле раздвоени од родителите да им бидат вратени на нивните семејства, иако оваа мерка може да значи ставање на децата во некој вид на притвор. Се работи за лица кои илегално влегле во САД заедно со нивните деца, при што, честопати семејствата се раздвојуваат и децата се даваат на привремени старателски семејства додека да заврши кривичниот или екстрадициски процес за родителите.

Американската унија за граѓански слободи поднесе тужба против власта поради оваа пракса, која предизвика жестоки реакции во јавноста. Секретарката за заштита на татковината Кирстјен Нилсен изјави дека нејзината институција мора да внимава при повторното обединување на децата, да утврди дали родителите се во состојба да се грижат за нив, како и да се извршат проверки дали навистина се работи за родители и деца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...