Херојот на Тајланд е бегалец од Мјанмар

420

Британските нуркачи, кои ги пронајдоа 12-те момчиња и нивниот тренер од поплавената пештера Там Луанг, имаа помош од едно од момчињата Адун Сам-Он, чие познавање на англискиот јазик било клучно во текот на комплицираната операција за спасување.

Неговата професорка Кру Најс изјави дека 14-годишниот Сам-Он отсекогаш бил лидер и покрај тоа што не живее со родителите и официјално нема дом.

– Тој е чудо од дете и многу сум среќна дека е безбеден – истакна таа.

Адун е бегалец од Мјанмар, кого родителите пред осум години го испратиле на Тајланд за да ги избегне етничките судири во неговата земја. Тој е еден од многуте ученици на Тајланд, за кои се вели дека се без татковина.

Тој не е државјани на ниту една земја, а на Тајланд станал одличен ученик и спортист.

Адун говори четири странски јазици, а неговото познавање на англискиот било клучно при операцијата за спасување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...