Монтипајтоновецот Џон Клиз се разочара од Британија, се сели на Карибите

416

Ѕвездата од „Монти Пајтон“, актерот Џон Клиз, одлучи да ја напушти својата држава, разочаран од нејзините лидери и политиката на земјата.

Клиз има намера да се пресели на Карибите и тоа до крајот на годината.

– Заминувам во ноември. Навистина заминувам. Во моментов правам планови – рекол Клиз, додавајќи дека бил разочаран за многу работи во татковината.

Овој актер открил дека посебно е незадоволен од расправата што се води по прашањето за Брегзит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...