Пропаднаа преговорите меѓу Русија и САД за стратешка стабилност

195

Русија и САД планираа во следните денови да одржат нов круг билатерални разговори за стратешка стабилност, но по се изгледа тие пропаднаа, тврди добро информиран извор во Вашингтон, на кој се повикува агенцијата ТАСС.

Според информациите на изворот, за почетокот на март во Виена, биле планирани нови меѓуминистерски средби на претставници на Русија и САД, на кои требало да се разговара за целиот спектар на прашања за стратешка стабилност, како и за билатералните односи.

Преговорите требало да се одржат под раководство на рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков и американскиот заменик државен секретар за политички прашања, Томас Шенон.

Но, според изворот, се чини дека овие состаноци нема да се одржат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...