Зголемен број на странски туристи во мај

Бројот на странските туристи што ја посетиле земјава во мај изнесува 72.627, а вкупниот број туристи во овој месец изнесувал 104.034 при што оствариле 211.234 ноќевања.

88

Во мај Република Македонија ја посетиле за 11,2 отсто повеќе странски туристи во споредба со мај лани, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на странските туристи што ја посетиле земјава во мај изнесува 72.627, а вкупниот број туристи во овој месец изнесувал 104.034 при што оствариле 211.234 ноќевања.

Бројот на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е зголемен за 1,2 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, е намален за 4,8 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12,4 отсто.

Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15,1 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 7,8 отсто, а кај странските има зголемување за 19 отсто.

Во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 13,6 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5,4 отсто, а кај странските има зголемување за 19,1 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...