Лејди Кити Спенсер, внуката на Лејди Дијана, откако се појави во рекламна кампања на Долче и Габана, е ново заштитно лице и на брендот Булгари. Се работи за нова колекција накит и очила за сонце.
Кити е ќерка на Чарлс Спенсер, помлад брат на принцезата Дијана. Иако не може да има никаква улога во кралското семејство, таа фактички е прва братучетка на принцовите Вилијам и Хари, со кои е во доста добри односи.
На фотографиите од последната рекламна кампања на Булгари, девојката со сина крв изгледа заводливо, грациозно, волшебно… Токму како и нејзината тетка.
ФОТО: Инстаграм