Германски суд дозволи екстрадиција на Пуџдемон во Шпанија

Шпанското обвинителство го товари Пуџдемон за бунт, поттикнување бунт и за злупотреба на државни средства во врска со организацијата на референдумот за независност на Каталонија лани во октомври.

73

Суд во германскиот град Шлевизг денеска го прифати барањето за екстрадиција на поранешниот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пуџдемон во Шпанија, врз основа на шпанското обвинение за злоупотреба на јавни средстава.

Шпанското обвинителство го товари Пуџдемон за бунт, поттикнување бунт и за злупотреба на државни средства во врска со организацијата на референдумот за независност на Каталонија лани во октомври, кој Уставниот суд на Шпанија го прогласи за неуставен и противзаконски.

– Судот утрово реши дека барањето за екстрадиција по обвинението за залоупотреба на државни средства е основано, изјави портпаролката на Судот,

Судиите, од друга страна го отфриле обвинението за бунт како основа за екстрадиција на Пуџдемон.

Како што јави ДПА, пред да стане полноважна, одлуката за екстрадиција на Пуџдемон треба да ја одобри јавниот обвинител на германската покраина Шлезвиг-Холштајн, на чија територија се води процесот.

Судот исто така реши до завршување на постапката Пуџдемон да остане на слобода.

Пуџдемон беше приведен на 25 март при влез од Данска во Германија, на пат Белгија, каде престојуваше од октомври минатата година, по референдумот за незавиност на Катлонија.

По референдумот, централните власти во Мадрид ја укинаа автономијата на Каталонија и ги распуштија регионалните органи на власта – Владата и Парламентот, по што Пуџдемон и неколкумина членови на неговата Влада побегнаа во Белгија.

Набрзо по приведувањето во Германија, судот донесе одлука за ослободување на Пуџдемон од притвор, но тој не смее да ја напушти земјата до завршување на процесот по барањето за негова екстрадиција во Шпанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...