Британија ја добива првата фабрика за селфи

71

Британија, која е позната по Биг бен, музејот „Мадам Тисо“, Бакингемската палата и Вимблдон, сега ќе ја има и првата селфи фабрика.

Станува збор за музеј во кој фотографирањето не само што е дозволено, туку е и единствена цел. Изложба под наслов „Фабрика за селфи“ што се отвора во Брајтон претставува ново поп-ап искуство и има потенцијал да стане светска сензација.

Фабриката своите врати за инстаграмџиите ќе ги отвори на 23 август и тие во магијата на селфи фотографирањето ќе може да уживаат една седмица.

Овој претприемачко-уметнички концепт потекнува од три млади девојки, што идејата од Лос Анџелес ја пренеле во Британија. Изложбата има тенденција да стане светска атракција.

– Нашата цел е да создадеме опкружување во кое секој може да дојде, да си помине добро и да се врати со фантастични фотографии – изјавил директорот на Фабриката за селфи, Вил Боверс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...