Вработените во фабриката на Фиат во јужна Италија најавија штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, за кој треба да се исплатат 105 милиони евра.
Најавено е дека штрајкот ќе се одржи следната недела, меѓу 15 и 17 јули, со целосна поддршка на синдикатите.
„Неприфатливо е работниците економски да се жртвуваат, а компанијата да троши стотици милиони евра за купување фудбалери“, се наведува во соопштение на синдикатите.
Тие додаваат дека работниците долги години се изложени на редуцирање на трошоците и дека платите не им се сменети повеќе од една деценија.
„Дали е нормално една личност да заработува милиони, а илјадници семејства да не можат да преживеат до средината на месецот?“, прашуваат синдикалците во соопштението.