„Вечерњи лист“: За пристапни преговори со ЕУ само квалификувано мозинство?

Европската комисија се подготвува на есен да предложи нов систем на донесување одлуки во врска со преговорите за членство во ЕУ.

206

Европската комисија се подготвува на есен да предложи нов систем на донесување одлуки во врска со преговорите за членство во ЕУ, при што повеќе нема да биде потребна едногласна одлука на сите земји членки, туку само квалификувано мнозинство, тврди загрепскиот весник „Вечерњи лист“.

– Европската комисија се подготвува на есен да предложи во иднина за претпристапните преговори за државите кандидати за членство во ЕУ, повеќе да не биде потребна едногласна одлука на сите земји членки, туку квалификувано мозинство, со што би можеле да бидат надгласани оние што би се обиделе да блокираат, наведува весникот.

Според „Вечерњи лист“, ваквиот предлог се должи на досегашните лоши искуства во преговорите, како во случајот со Хрватска, која се обиде, но не успеа, да ги блокира преговорите на Србија по поглавјето 23 за прависудството.

Весникот наведува дека со предлогот на Еврокомисијата ќе се утврдат теми од надворешната и безбедносната политика и проширувањето, за кои одлуките повеќе нема да се носат со консензус, туку со одреден мнозинство, како „поддршка од најмалку 55 отсто од земјите членки во кои живеат најмалку 65 проценти од жителите на ЕУ“.

Сепак, при конечната одлука за прием на нова членка во ЕУ, ќе биде потребен конзензус, што подразбира дека секоја држава членка ќе има можност за вето, додава „Вечерњи лист“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...