Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека поканата за Македонија да почне пристапните преговори со НАТО е важна одлука и за Подгорица.
– Се радувам што Северна Македонија ќе стане нова членка на НАТО – истакна Ѓукановиќ.
Тој додаде дека со приемот на нови членки во Алијансата се зајакнува стабилноста на Западен Балкан, туку и на Европа и на НАТО просторот.
Ѓукановиќ најави и дека до 2024 година Црна Гора ќе издвои два отсто од бруто домашниот производ за одбрана, и најави нови мисии во Ирак и во Летонија.
И романскиот претседател Клаус Јоханис изјави дека НАТО треба да ја продолжи политиката на „отворени врати“ и додаде дека Романија ја поддржува одлуката Република Македонија да биде поканета да ги почне пристапните преговори со НАТО.
Тој додаде дека неопходен е „унифициран пристап и планирање на одбрана на целото источно крило“.