Крвавата Месечина во јули ќе предизвика најдолго помрачување во 21. век, тврдат научниците.
Истовремено, Марс ќе изгледа посветло од обично, бидејќи тогаш ќе биде најблиску до Земјата во последните 15 години.
„Тоа е одлично! Тоа е навистина убава и ретка можност да го видиме помрачувањето на Месечината покрај Марс на ноќното небо. Ќе имаме два прекрасни објекти, што е одлична можност за фотографите – изјавил за „Тајмс“ астронаутот Роберт Масеј од британското Кралско астрономско здружение.
До помрачувањето, кое ќе трае еден час и 43 минути, ќе дојде на 27 јули.
Причината за толкавото траење е тоа што Месечината ќе се најде на една од најоддалечените точки од Земјата, што значи дека неговата сенка ќе биде поголема отколку во текот на вообичаеното помрачување.
Помрачувањето ќе биде најдобро и најдолго видливо на југоистокот на Европа, наведуваат стручњаците.