Девојчето од БАтон Руж во Луизијана меѓу првите ќе слета на Марс во 2033 година.
Алиса Карсон е 17-годишна девојка која НАСА во моментот ја обучува да стане астронаут.
Нејзиниот сон е да биде првата личност која ќе слета на Марс во првата човечка експедиција која е планирана за 2033 година.
Иако има само 17 години, Карсон ги поседува сите квалификации кои и се потребни за извршување на оваа мисија. Таа е првата личност која ги поминала сите 14 програми при Центарот за посетители на НАСА.
Исто така, Карсон е најмладиот дипломец на Напредната Посум академија, која издава сертификати за патување во вселената и тренирање на астронаути.
Паралелно со оваа обука, Карсон завршува средно училиште на четири јазици – англиски, кинески, француски и шпански.
– Најголем предизвик е времето и извршувањето на сите тие работи додека си толку млад и се уште во средно училиште – рекла Карсон.
Пред школувањето и обуката низ која константно поминува, Карсон е и мотивационен говорник. Нејзината цел е да се зголеми интересот за истражување на вселената, како и да се охрабрат луѓето да се пронајдат себеси, пишува интернет страницата „Борд панда“.
„Секогаш следете го својот сон и не дозволувајте никому да ви го одземе“, советува таа. Свесна е дека никогаш нема да може да се венча и да заснова семејство, одлучна е се да остави настрана за да ги оствари своите соништа.
Посебна благодарност, како што вели, им должи на астронаутите, особено на жените, кои и го пробиле патот до ѕвездите по кој што сега таа може да оди.
ФОТО: Твитер