Планирано исклучување на Блок 3 во РЕК Битола

Причината за планираното исклучување е намалениот конзум на електрична енергија во овој период и добрата хидролошка состојба.

69

РЕК Битола во текот на вечерта ќе изврши планирано исклучување на Блок 3, информираат од АД „Електрани на Македонија“.

Причината за планираното исклучување, како што посочуваат во соопштението, е намалениот конзум на електрична енергија во овој период и добрата хидролошка состојба, која овозможува производство од хидроелектраните што дава можност овој период да се искористи за превентивна нега на блокот, отстранување на помали дефекти и за зајакнување на оперативноста и на расположливоста на блокот.

„Блок 3 ќе биде вратен во мрежа на почетокот на следната недела. РЕК Битола ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блок 2, додека на Блок 1 се изведува капиталниот ремонт“, стои во соопштението од АД ЕЛЕМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...