Кажете „Не“, лесно е!

466

Многу е важно, особено во бизнисот, во одредени ситуации да се каже гласно и јасно НЕ. Доколку секогаш се изговара само ДА, тоа значи дека не се живее според сопствениот дневен ред и поради другите се запоставувате себе си.

1. Кажете им НЕ на негативните луѓе

Основата на успехот е ентузијазмот и оптимизмот. Поради тоа е важно околу себе да имате луѓе кои се позитивни, бидејќи негативноста се шири како болест и влијае на сите во околината. Негативните луѓе треба да се исфрлат од тимот.

2. Кажете им НЕ на непотребните состаноци

Многу важен фактор во секој бизнис е времето. Одлуките треба да се носат брзо, а на ист начин треба и да се реагира. Освен ако станува збор за состаноци кои директно влијаат на вашиот бизнис, останатите треба да се намалат во најголема мера.

3. Кажете му НЕ на предолгото одлучување

Постои причина зошто Марк Цукерберг секој ден носи иста маица, а тоа е со цел да не троши време на избор на облека, што му овозможува да се фокусира на поважни работи. Иако изгледа тривијално, но ако помалку се размислува за тоа што ќе се јаде или облече, тогаш се ослободуваат менталните капацитети.

4. Кажете им НЕ на работите кои одвлекуваат внимание

Со цел да се зголеми продуктивноста, важно е малите работи да не ви го одвлекуваат вниманието. Ако успеете да се одвикнете од често користење на Фејсбук или преглед на и-мејлови, тогаш ви останува повеќе време за продуктивни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...