Тајланд ќе ја промовира озлогласената пештера Там Луанг како туристичка атракција

Тајланд планира да ја промовира пештерата како туристичка атракција, откако ќе биде обезбедена.

141

Осветлување и знаци ќе бидат поставени во пештерата Там Луанг во Тајланд каде што беа заробени 12-те деца и нивниот фудбалски тренер, со цел да се спречат љубопитните туристи од влегување, односно губење во пештерскиот комплекс, посочи премиерот на Тајланд, пренесуваат медиумите.

– Во иднина треба да го надгледуваме влезот и излезот од пештерата. Пештерата стана светски позната. Треба да поставиме светла и знаци. Тоа е опасна пештера – истакна премиерот Прајат Чан-оча.

Посетителите се советуваат да избегнуваат влегување во пештерата за време на дождовната сезона, поради ризикот од поплавување.

Тајланд планира да ја промовира пештерата како туристичка атракција, откако ќе биде обезбедена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...