Поранешна мисица стопила 30 килограми со липосукциска диета

Оваа убавица која глумеше во популарната серија „Луд, збунет, нормален“, за време на бременоста наталожила дури 30 килограми. Знаела дека мора да се врати во форма и да ослабне, но сакала тоа да биде на здрав начин.

941

Поранешниот топ модел од југословенските простори и поранешна мисица на Босна и Херцеговина, Његица Балорда Моро, која денес е успешна деловна жена, по бременоста се соочила со проблем со вишок на килограми.

Оваа убавица која глумеше во популарната серија „Луд, збунет, нормален“, за време на бременоста наталожила дури 30 килограми. Знаела дека мора да се врати во форма и да ослабне, но сакала тоа да биде на здрав начин.

– Оној момент кога престанав да го дојам бебето, барав некоја најдобра, најздрава и најпрактична опција. Воспоставив контакт со нутриционистот Кенан Мандра и одлучив тоа да биде липосукциската исхрана – вели Његица.

Причината поради која се одлучила на овој начин да ги загуби килограмите била во тоа што ѝ се допаднал пристапот кон корисниците, а резултатите биле видливи и пред да ги очекува.

– Со толкав вишок килограми за себеси бев имагинарно суштество. Мислев дека нема да успеам да се решам од нив, но сега сум на чекор до својата идеална тежина. Најважно е што сантиметрите си отидоа од местата од кои требаше да ги нема, дури и познаниците кога ќе ме видеа мислеа дека сум стопила три пати повеќе килограми – објаснува Његица и додава дека изгубените килограми не се враќаат, бидејќи се придржува на советите од нутриционистите.

– Супер е што имате можност да сте во контакт со нутриционистите 24 часа. На Кенан веднаш му обрнав внимание дека денот ми е многу активен и дека не можам само да лежам и да не јадам ништо. Ми рече дека, ако во некој момент почувствувам дека ми фали енергија и сила, да го контактирам и дека ќе најдеме некоја алтернатива.
Секогаш нешто може да се додаде во таа исхрана за да ви помогне во тој некој кризен период – вели Његица, признавајќи дека единствено ѝ недостасувале лебот и топлите печива.

Најголем поттик ѝ биле резултатите кога после 5-6 дена вагата покажала дека килограмите се топат.

– Кога ќе видите дека вашето воздржување има ефект, тогаш не ви паѓа на ум да се откажете. Самиот визуелен момент е одличен, па така тоа е доволен поттик за храната која некогаш сте ја јаделе, повеќе да не ви се јаде – завршува со насмевка Његица.

Советувалишта и центри за липосукција има и во Скопје, Загреб, Љубљана, Букурешт, Белград, Софија, Москва… Центарот на „Интернешнл хелт“ во Скопје дава бесплатни совети на телефоните 02 3231223, 070 535033 под раководство на д-р Валентина Крстевска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...