Доналд Трамп пристигна во Брисел

„Многу земји од НАТО, кои би требало да ги браниме, не само што не ги почитуваат своите обврски од два отсто, кои и онака се малку, туку и со години не плаќаат. Ќе ги покријат ли тие трошоците на САД?“, напиша Трамп на Твитер.

484

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва допатува во Брисел, каде утре и задутре ќе присуствува на Самитот на НАТО.

На патот кон Брисел, Трамп преку Твитер одново побара од сојузниците од НАТО да ги зголемат буџетските средства наменети за одбраната.

„Многу земји од НАТО, кои би требало да ги браниме, не само што не ги почитуваат своите обврски од два отсто, кои и онака се малку, туку и со години не плаќаат. Ќе ги покријат ли тие трошоците на САД?“, напиша Трамп на Твитер.

Трамп бара од членките на НАТО за потребите на одбраната да издвојуваат средства во висина од два отсто од своите БДП. Членките на Алијанста се обврзаа да започнат да издвојуваат по два отсто од своите БДП за одбраната до 2024 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...