Британецот затруен со нервен отров се освести

123

Болницата во британскиот град Солсбери информираше дека Чарлс Роули, еден од двете лица затруени со нервниот отров „Новичок“ минатата недела, се освестил.

Роули беше затруен заедно со неговата девојка, Дон Старџис, која почина.

Се претпоставува дека двајцата дошле во контакт со игла на која имало траги од „Новичок“.

Британските власти ја обвинуваат Русија за труењето на пребеганиот руски агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март и тврдат дека останале предмети на кои има траги од „Новичок“, од кои се затруја Старџис и Роули.

Болницата го оцени подобрувањето во здравствената состојба на Роули како „мало, но значително“. Претходните прогнози беа дека тој ќе им подлегне на повредите нанесени од контактот со отровот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...