Ослободени петмината Срби кои беа уапсени во Гњилане

Петмината Срби беа приведени како осомничени за „дејствија против Уставот и безбедноста на Косово“.

115

Петмината косовски Срби кои беа уапсени во денешната акција на полицијата во Гњилане, попладнево се ослободени, откако се интервјуирани во полиција, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за телевизијата КТВ ја потврди главниот обвинител на Основното обвинителство во Гњилане, Јетиш Маљоку.

Петмината Срби беа приведени како осомничени за „дејствија против Уставот и безбедноста на Косово“.

Ослободувањето уследи откако Белград се закани дека на неопределено ќе го прекине дијалогот со Приштина, доколку уапсените не бидат ослободени до вечер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...