Најстариот претседател на САД најголем зависник од Твитер, а има и најмногу следачи

Американскиот претседател Доналд Трамп е државник со најмногу следачи на Твитер, а по него се папата Франциско и индискиот премиер Нарендра Моди.

74

Американскиот претседател Доналд Трамп е државник со најмногу следачи на Твитер, а по него се папата Франциско и индискиот премиер Нарендра Моди, се наведува во новото истражување „Твипломатија” на консултантската фирма Бурсон Кон енд Волф.

Трамп на оваа социјална мрежа има 52 милиони следачи. Папата има 47 милиони, а Моди – 42 милиона следачи.

Рускиот претседател Владимир Путин е далеку зад нив, со нешто помалку од 700.000 следачи.

Од европските лидери кои се на Твитер, најдобро котира британската премиерка Тереза Меј со пет милиони следачи, а веднаш зад неа е францускиот претседател Емануел Макрон со три милиони. Јорданската кралица Ранија има десет милиони следачи, што е најголем број меѓу државниците и политичарите во арапскиот свет.

Владите на само шест земји во светот немаат никаква застапеност на оваа социјална платформа – Лаос, Мавританија, Свазиленд, Никарагва, Туркменистан и Северна Кореја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...