Американскиот претседател Доналд Трамп го номинира конзервативниот судија Брет Кавано за нов судија на Врховниот суд на САД.
– Имам чест за Врховниот суд да го именувам Брет Кавано, беспрекорен судија – рече Трамп.
Брет Кавано (53) во моментов е судија во Апелацискиот суд во Вашингтон, а беше и правен советник на поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот.
Републиканците се надеваат дека ќе можат да го протуркаат неговото именување пред изборите за дел од сенаторите во ноември.
Судиите на Врховниот суд на САД кој има девет членови, се именуваат со доживотен мандат.
ФОТО: Твитер