Британската премиерка Тереза Меј синоќа го именуваше досегашниот министер за здравство Џереми Хант за министер за надворешни работи, откако Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата во знак на протест поради владините планови за блиски трговски односи со ЕУ.
-Кралицата со задоволство го одобри именувањето на Џереми Хант за државен секретар за надворешни и на Комонвелтот, соопшти кабинетот на премиерката Меј.
Хант важи за еден од министрите кои се најлојални на Меј. Беше министер за здравство од 2012 година.
„Време е на нашата премиерка да и се даде поддршка за да постигне голем договор за Брегзит – сега или никогаш, нагласи тој во порака на Твитер.
Борис Џонсон вчера поднесе оставка на функцијата, поради несогласувања со премиерката Тереза Меј во врска со планот за Брегзит.
Меј за нов министер за Брегзит го именуваше Доминик Раб, досегашен министер за станбени прашања и истакнат заговорник за напуштање на ЕУ.