Четворица се повредени во трката со бикови во Памплона

74

Четири лица завршија во болница поради повреди добиени за време на денешната традиционална трка со бикови во Памплона, позната како Фестивал Сан Фермин.

Портпаролот на болницата  Томас Белзунегви изјави дека две лица имаат повреди на главата, додека двајца имаат модрици по телото.

Во Памплона, во шпанската покраина Навари, денеска се одржува третиот ден од фестивалот Сан Фремин, а одржана е трка со бикови од ранчот „Себада гаго“, кои се познати по својот остар темперамент.

Денешната трка траела само две минути и 33 секунди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...