Најдолг развод во историјата: Шварценегер сé уште во брак

921

Арнолд и Марија се венчале во 1986 година, а во текот на бракот стекнале имот од 400 милиони долари.

Сопругата на холивудскиот актер Арнолд Шварценегер (70), новинарката Марија Шрајвер (62) поднела барање за развод на бракот на 1 јули 2011 година кога дознала дека актерот има дете со нивната куќна помошничка. Сопружниците оттогаш се разведуваат што значи дека поминаа повеќе од седум години, а процесот и понатаму не е готов, тврди американскиот портал ТМЗ.

Неверство
Арнолд и Марија имаат ќерки, писателката Катерине (28) и продуцентката Кристина (26), како и синови, актерот Патрик (24) и Кристофер (20) кои биле малолетни кога нивната мајка го предала барањето за развод. Но, актерот и новинарката брзо се договориле дека ќе имаат заедничко старателство врз нив. Шварценегер со куќната помошничка од Гватемала Милдред Патриција Баена (56) го има синот Џозеф Баена (20).
Арнолд и Марија се венчале во 1986 година, а во текот на бракот стекнале имот од 400 милиони долари. Сопружниците немале предбрачен договор и затоа требало се да поделат на половина, но пријателите на актерот велат дека тој не брзал разводот да биде завршен.

Каење
– Не треба многу да размислувам за да сфатам дека тоа беше голема грешка – признал Шварценегер минатата година дека се кае што го уништил својот 25-годишен брак со Марија. Тој додал дека му е жал поради тоа што со вонбрачната врска ја повредил сопругата.
– Нема изговор за тоа што го направив и затоа преземам целосна одговорност што ги повредив семејството и пријателите. Им се извинувам на Марија и децата. Навистина ми е жал – истакнал актерот кој често ги фали синовите и ќерките на социјалните мрежи.
Пријателите на Марија велат дека таа повремено го забрзувала разводот, но набрзо пуштила се да оди со својот тек поради што процесот се отегнал. Тие додаваат дека верувале дека Марија и Арнолд нема никогаш да се смират и повторно да бидат заедно, но се чини дека и тоа сега е можно. Особено имајќи предвид дека не се знае кога нивниот развод ќе добие завршница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...