Бензините поскапуваат за денар, дизелот за половина денар

97

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за денар, а на дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 72 денари, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 74 денари. Еуродизелот ќе се продава по 64 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство по 52.50 денари за литар.

Се зголемува и цената на мазутот и таа ќе изнесува 34.711 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 75.88 долари за барел и е повисока за 2.78 проценти, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52.60 денари и е за 0.21 процент понизок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...