Караванот на Мадам Фортуна е интеркултурен музички проект кој во среда се стационира на терасата наЈавна соба каде со почеток во 21 часот ќе одржи концерт на отворено во придружба на македонски музичари кои заедно ќе ја претстават убавината на џипси џез музиката.
Овој настан има улога да ја потенцира уметничка сила на ромската заедница и да ги претвори предрасудите во сфаќањa дека различноста може да значи додадена вредност насекаде. Влезот за концертот е слободен.