Поројните дождови и поплави кои ги зафатија западните делови на Јапонија однесоа стотина животи, а десетици лица се водат како исчезнати.
Портпаролот на јапонската влада Јошидо Суга изјави дека меѓу настраданите 13 добиле инфаркт.
Силните дождови предизвикаа буици, клизишта и поплави, и многу жители беа блокирани пред да успеат да се евакуираат.
Јапонските власти велат дека интензитетот на дождовите е намален денеска, што им овозможува на спасувачките екипи да ја засилат потрагата по исчезнатите.
Но, метеролозите предупредуваат на нова опасност од топлотен бран кој се движи кон овој дел на земјата.
Над 10.000 лица се уште се без струја, и во опасност од топлотен удар во неразладените домови, а десетици илјади се без вода за пиење.
Премиерот Абе ја откажа турнејата со посети на Белгија, Франција, Саудиска Арабија и Египет.