Партија на правдата и равојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, синоќа го номинираше досегашниот премиер Бинали Јилдирим за функцијата претседател на турскиот Парламент.
Изборот за нов претседател на Парламентот на Турција ќе се одржи на 12 јули.
За избор на нов претседател во првите два круга од гласањето ќе бидат потребни две третини од гласовите на пратениците во 600-члениот парламент (400 гласа), а во третиот круг ќе биде потребно обично мнозинство, односно 301 глас.
Фото: EPA/ZIPI