Роднини, пријатели, колеги денес дојдоа на градските гробишта во Ѓорче Петров да му оддадат последна почест на пејачот Влатко Илиевски кој завчера беше пронајден мртов.
Освен семејството и неговите музички колеги, за последен пат да се збогуваат дојдоа и голем број фанови. Со солзи во очите и венци со свежо цвеќе, скршени влегуваа во капелата за да му оддадат почит на Влатко. Елена Ристеска, Бени Шаќири, браќата Тавитјан, Дани Димитровски, Џина Папас Џокси, Стефан и Мартин од Некст тајм, Роберт Билбилов, Слаткар, Весна Петрушевска беа само дел од оние кои со неверување дојдоа за последен пат да се простат од нивниот пријател.
Извор:Макфакс
Фото: Макфакс