Николовски ќе ги посети Муртино и Сачево кои беа најпогодени од невремето

102

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе го посети струмичкиот регион, кој вчера беше зафатен од невремето проследено со дожд, град и силен ветар.

Посевите на отворено и пластениците во атарите на селата Муртино и Сачево се најпогодени од вчерашното невреме што го зафати Струмичко.

Посевите на отворено настрадаа од градот, а од силниот ветар се искинати најлоните на пластениците.

Во селото Сачево откорнати се дрвја, а на повеќе покриви се искршени керамидите.

Од Центарот за управување со кризи во Струмица информираат дека Противпожарната единица на Струмица интервенирала со испумпување на вода од три подруми во Струмица.

Во градот вчера под вода беше улицата „Младинска“, а штети имаше и на позната „Леблебеџиска улица“. И на двете места интрвенираа екипи на ЈКПД„Комуналец“ со механизација и водата е отстранета.

Инаку, вчера во Струмица за дваесетина минути наврнале 33,7 литри на метар кавадратен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...