Еве како ќе бидат спасувани децата од пештерата ВИДЕО

1125

Тајландската влада објави графикон во кој детално опишува како ќе биде спасено секое од децата што половина месец се заглавени во тајландската пештера.

Двајца нуркачи ќе го придружуваат секое момче, носејќи маски на лицата додека се водени преку премините со јаже.

Кога ќе се соочат со особено тесна патека пред себе, нуркачите ќе ја испуштат боцата од грб и полека ќе ја тркалаат додека го водат момчето. Ова значи дека момчињата никогаш нема да мора да бидат сами, како што претходно се стравуваше.

Тие потоа ќе пешачат од третата комора, која е исушена до степен да е можно да се оди по неа, до влезот во пештерата во која влегле на 23 јуни.

Утрово почна операцијата на спасување на децата, кога 18 нуркачи влегоа во пештерата за да ги извлечат на безбедно. Проценето е дека денеска е првиот од четирите дена во кој дождовите се послаби од вообичаеното за монсунската сезона, која се карактеризира со обилни дождови и силни ветрови.

Во меѓувреме, операцијата за извлекување на водата од пештерата, во која минатата недела без извлечени милиони литри вода, продолжува со вообичаеното темпо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...