18.000 државни службеници во Турција останаа без работа

515

Турција денеска издаде уредба со која се отпуштени над 18.000 државни службеници, од кои половина се припадници на полицијата.

Одлуката за отпуштање на државните службеници беше донесена по победата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите, што беа оджани пред две недели.

Турските медиуми наведоа, дека уредбата е донесена пред очекуваното укинување на вонреднате состојба во земјата, што е на сила од јули 2016 година, а беше воведена по неуспешниот државен удар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...