Меланија се појави во „патриотска комбинација“: Како во чаршаф за маса! ФОТО

1005
ФОТО: EPA / Yuri Gripas / POOL

Многу Американци на 4 јули по повод Денот на независноста облекоа комбинации во боите на американското знаме – црвена, бела и сина. Ни првата дама на САД не беше исклучок, која облекла долг фустан со кариран дезен.

Се славело и во Белата куќа во која е одржан пикник за воените семејства, во организација на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп.

Фустанот го креирал познатиот американски моден дизајнер Ралф Лорен и овој стајлинг на Меланија беше прогласен за патриотски.

Меѓутоа, коментаторите на социјалните мрежи малку се пошегувале и напишале дека нејзиниот фустан малку е необичен, бидејќи изгледа како чаршаф за маса.

Фустанот го комбинирала со широк црвен ремен од модната куќа „Александар Меквин“ и лаковани црвени балетанки со потпис на Кристијан Лобутин.

ФОТО: EPA / Yuri Gripas / POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...