Од странство може да внесеме стоки до 350 евра, литар алкохол и еден парфем

Во насока на побрз проток на патниците на граничните премини е воведен зелен канал за оние кои немаат стока за пријавување што подлежи на увозни давачки. Доколку имаат нешто за пријавување се користи „црвениот канал“ на кој се пријавува се што носи патникот со себе и во т.н. скратена царинска постапка се царини стока чија вредност не надминува 800 евра во денарска противвредност.

1057

Секој патник кој влегува во земјава има право да внесе до 10.000 евра во готовина без да ги пријави, додека секој што излегува треба да ја пријави сумата поголема од 2.000 евра при што приложува и потврда од овластена банка или менувачница.

Поголемата сума од 10.000 евра при влез на граничен премин патникот треба задолжително да ја пријави на царинските органи. Изнесување на ефективни странски пари над 10.000 евра и 120.000 денари е забрането.

Слободно да изнесат ефективни странски пари во износ до 10.000 по лице можат нерезидентите во РМ. Доколку изнесуваат ефективни странски пари над 10.000 евра задолжително се приложува на увид писмената потврда во која е евидентиран износот при влез од страна на царинскиот орган.

Во насока на побрз проток на патниците на граничните премини е воведен зелен канал за оние кои немаат стока за пријавување што подлежи на увозни давачки. Доколку имаат нешто за пријавување се користи „црвениот канал“ на кој се пријавува се што носи патникот со себе и во т.н. скратена царинска постапка се царини стока чија вредност не надминува 800 евра во денарска противвредност.

Секој патник во Македонија покрај личниот багаж и лекови за лична употреба, слободно може да се внесат до 200 цигари (или 100 цигарилоси или 50 пури или 250 грама тутун за пушење), еден парфем од 50 мл или една тоалетна вода од 250 мл и литар алкохолен пијалак или два литра вино.

Малолетни лица под 18 години не може да внесат алкохол и преработки од тутун.

При влез на патникот му се потребни и посебни дозволи за живи животни, суровини од животинско потекло, домашни миленичиња и за растенија. Забрана постои за оружје и муниција, недозволени супстанци, отрови и штетни материи, како и за фалсификувана и пиратска стока.

Граѓаните кои се враќаат во Македонија може да внесат слободно стока од некомерцијална природа во вредност до 350 евра, при што не се склучуваат алкохолни пијалаци, преработка од тутун, парфеми и тоалетна вода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...