Голтнала 42 капсули со кокаин, ја уапсиле во Атина

248

Дваесет и четиригодишна жена, идентификувана како државјанка на Перу, е уапсена на атинскиот меѓународен аеродром под обвинение за шверц со дрога, откако пристигнала во Атина на лет од бразилскиот град Сао Паоло преку Цирих, објави електронското издание на весникот „Катимерини“.

Осомничената била запрена и испрашувана за време на полициска проверка, а инспекторите откриле дека таа проголтала 42 капсули кои содржеле 1,2 килограми кокаин.

Полицијата од жената запленила и 900 евра и нејзиниот мобилен телефон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...