Кејт Мидлтон бремена по четврти пат?

Низ Кенсингтонската пaлата деновиве се проширија гласини за уште една бременост на Кејт Мидлтон.

1648

Низ Кенсингтонската пaлата деновиве се проширија гласини за уште една бременост на Кејт Мидлтон. Само три месеци откако на свет го донесе своето трето дете, принцот Луис, се шпекулира дека Кејт е повторно бремена. Извор близок на двојката за порталот „Лајф енд стајл“ открил дека кралската двојка се надева дека малата принцеза Шарлот ќе добие сестра.

– Тие би сакале да имаат две момчиња и две девојчиња. На Кејт ѝ е важно нејзините деца да имаат слична врска со своите браќа и сестри, како што таа ја имала со Пипа, а таа знае дека тоа е поедноставно ако се на блиска возраст – рекол непознат извор. Изворот исто така открил дека на кралскиот двор веќе почнало да се зборува за четвртото дете кое е на пат.

– Оние што се блиски со Кејт зборуваат дека е бремена со четврто дете. Таа ги покажува сите знаци на бременоста, а заедно со Вилијам отсекогаш зборувала дека сакаат четири деца за да го надополнат своето семејство – додал изворот.

Што се однесува до знаците кои би можеле да упатуваат на нејзината бременост, изворот истакнал неколку: пак носи поширока облека, избегнува алкохол, копнее по кари, што често прави кога е бремена. Исто така, јаде бисквити од лаванда што ѝ помагаат против утринските мачнини. Сепак, најголем знак сигурно е нејзиниот последен изговор што го навела како причина поради која не можела да присуствува на 70-тиот роденден на принцот Чарлс, бидејќи чувствува мачнина и исцрпеност што е честа карактеристика на нејзините досегашни бремености.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...