Македонската и шпанската влада ќе соработуваат во делот на социјалната заштита, како и во спроведување на пилот програмата за инклузија и вработување на тешко вработливи лица АЦЕДЕР во Македонија, за што ќе Шпанија и УНДП ќе дадат техничка помош.
„Македонската делегација имаше можност детално да се запознае со програмата АЦЕДЕР. Министерката се сретна со државниот секретар во шпанското Министерство за здравство, социјална заштита и еднаквост, Мариа Пилар Диаз, со високиот комесар за детска сиромаштија, Луиза Карцедо, со регионалниот комесар за вработување, Карлос Фернандез Кариедо, како и со директорот на социјалните служби“, соопштија од кабинетот на Царовска.
Покрај Царовска, предводник на македонската делегација била и постојаната претставничка на ОН Луиза Винтон, а со нив имало претставници и од агенцијата за вработување, УНДП и делегацијата на Европска унија.