Најмалку 10 луѓе загинаа кога високи бранови превртеа брод во близина на Пукет

Во близина на брегот на Пукет вчера се преврти уште еден брод, од кој беа спасени сите 42 луѓе.

66

Тајлански нуркачи ги пребараа остатоците од бродот што вчера се преврте и потона во близина на тајландско одморалиште Пукет, а бројот на загинати се искачи на 10, додека 45 лица се водат како исчезнати.

На бродот имало 105 луѓе, меѓу кои 93 туристи од Кина, 11 членови на екипажот и туристички водич. Несреќата се случила кога бродот наишол на бранови високи до пет метри, при што се повредени најмалу 12 лица.

Во близина на брегот на Пукет вчера се преврти уште еден брод, од кој беа спасени сите 42 луѓе.

Тајланските власти вчера издадоа предупредување поради лошите временски услови кои ќе траат до вторник.

Двете бродски несреќи не се поврзани.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...