Поранешниот директор на телевизијата „Фокс њуз“, кого го следат скандали, Бил Шајн ќе биде дел од админиострацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Шајн, поранешен потпретседател во омилената телевизија на Трамп ќе биде заменик на шефот на тимот за комуникации на претседателот на САД.
Белата куќа соопшти дека Шајн во тимот на Трамп ќе донесе две децениии искуство во телевизија, комуникации и менаџмент.
Трамп не е задовоелн како неговиот досегашен тим за комуникации реагира во некои ситуации.